Во Македонија во местото Вевчани, Струга како и секоја година и оваа, ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Настанот се случува еднаш годишно на датумите 13.01 и 14.01, каде се слави доаѓањето на Нова година според стариот календар. Во Вевчани тоа е веселба, се празнуваат василичарските обичаи, а самиот фестивал се изведува во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики – заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и вевчанци.
Карневалот е спој помеѓу панаскиот и современеиот начин на прослава, каде има три традиционални маски а тоа се: невеста и зет, Глупи Август и музичарите.
Сите останати маски се помали или поголеми карнвалски групи, кои со костумите, гестовите и движењата обично отсликуваат, односно исмеваат одредени појави и личности од општествениот живот.
Карневалот обично го посетуваат над 50000 посетители од земјава и странство кои уживаат во програмата на фестивалот.