Еден лесен и ефикасен начин да ја зголемиме подвижноста и да се решиме од болките во коските и мускулите. Лекот содржи само лук и маслиново масло.
За да го подготвите овој лек ќе ви бидат потребни 400 грама ситно исецкан лук. Ставете го лукот во тегла и дополнете ја со квалитетно маслиново масло. Оставете смесата да отстои 2 седмици на темно место, при што секојдневно треба да ја мешате содржината. После тоа се процедува низ 3-4 слоеви газа.
Начин на употреба: Маслото се мачка на болното место и се масира се додека не се упие во кожата. Завиткајте го местото со топла крпа и завој и оставете да делува во текот на ноќта. Наутро е потребно да се истуширате со млака вода, со цел да се отстрани непријатниот мирис на лук, но без сапун на болното место. Уште после првата процедура ќе почувствувате олеснување и намалување на интензитетот на болката. Лечењето трае 2 месеци.
Со ова масло добро е да ги масирате и рацете ако страдате од артритис. Масирајте ги со него стапалата, лактите, колениците или пак омекнете ги испуканите пети.