Во 2012 година Мајра Розалес е ослободена од обвинението за убиство на внукот кој наводно го усмртила така што невнимателно се срвтела и седнала, па го смачкала со своите во тоа време 466 килограми. Тоа било првото олеснување за неа.
Другото стигнало откако одлучила да ги елиминира вишокот килограми. Ослободувањето од вина Розалес го добила затоа што нејзиниот адвокат успеал да докаже пред судот дека таа била “предебела за убиство“.
Вината за убиството на крај припаднала на нејзината сестра, која лажно ја обвинила Розалес, а детето всушност починало од здобиените удари по глава од страна на неговата мајка.
Во нецели две години, Розалес маката ја натерала од 466 килограми да спадне на само 90. Нејзината нова фотографија се појави на Фејсбук, а колку голема е трансформацијата, проценете сами.