Дуа Липа одлично изгледа во тренерки, но нејзината последна комбинација не остави без здив.
Дуа Липа е навистина една од оние луѓе кои секогаш изгледаат добро, дури и во тренерки и патики без трошка шминка изгледа одлично, но кога таа се појавува на црвениот тепих подгответе се да остане без здив. Комбинацијата на облека која посебно нè импресионира и можеме да кажеме дека е едно од најдобрите изданија на познатата пејачка е фустанот што го одбра за NRJ Awards, а станува збор за прекрасниот црно – бел пердувест фустан couture од линијата на Armani Privé. Гламурозниот фустан, пејачката го искомбинира со сребрени чевли и накит, а приказната ја заокружи со влажната коса која совршено се вклопува.