Веста за свршувачката помеѓу популарниот пејач Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин, набргу доби и потврда од самиот пар, кои тоа го објавија на социјалните мрежи.
Таткото на Хејли за свршувачката напиша на Twitter, но набргу го избриша постот.
Потоа, Џастин ги потврди шпекулациите на американските таблоиди и во објава на Instagram, каде напиша колку е среќен за одлуката да ја запроси својата девојка.
„Сакав да почекам некое време и ништо да не зборувам, но вестите бргу се шират во светот… Хејли, многу сум заљубен во тебе! Многу сакам да го запознаам секој дел од тебе. Ќе те сакам трпеливо и со гордост. Ќе им дозволам на Исус и Светиот дух да не водат низ се, во се што правиме и за се што одлучуваме. Моето срце е твое и секогаш ќе ми бидеш на прво место. Ти си љубовта на мојот живот Хејли Болдвин и сакам да го поминам животот само со тебе. Ме правиш подобар и комплетен. Едвај чекам да започне најубавиот период од нашите животи. Интересно е дека сега целиот живот ми има некаква смисла. А она за што сум најмногу возбуден, е фактот дека моите помлади браќа и сестри ќе имаат прилика да видат како се одвива еден здрав и стабилен брак. Тајмингот на Бог е совршен, се свршивме на седмиот ден во седмиот месец, а бројот седум е број на спиритуална совршеност. Ова е вистина, провери на Google. Зарем тоа не е лудо?! Не го планирав ова, но Боже мој, колку е прекрасно чувството кога знаеш дека нашата иднина е безбедна. Ќе бидеме подобри на седумдесет години мила! Оној кој ќе пронајде вистинска жена, пронаоѓа добрина и добива милост од Бога. Ова е таа година!“, напиша Бибер со фотографија од него и Хејли.
Во текот на викендот, почнаа да кружат фотографии од Хејли и Бибер, кои се забележани на Бахамите, каде овој пар моментално се одмора. Болдвин на раката носеше прстен со огромен дијамант, па набргу се дозна дека Бибер ја запросил.
Во изјавувањето љубов преку социјалните мрежи, по Џастин Бибер се јави и неговата идна сопруга.
„Не сум сигурна со што заслужив ваква среќа во животот, но благодарна сум му на Бога што ми поклони ваква неверојатна личност со која ќе го делам животот. Немам зборови со кои би можела да ја искажам мојата благодарност“, напиша Хејли.