Ако немате време, пари … за редовен тренинг, ова е нешто што можете да го направите за да му помогнете на вашето тело. Погледнете ги вежбите за издржување.
За да разбере точно како се прави издржувањето, ви требаат буквално 5 секунди.
Вежбата е едноставна и не бара никакви комплицирани движења. Всушност, воопшто не бара движења. Покрај тоа, не е потребно повторување. И што е најважно, не ви е потребна опрема, а вие не мора да одите подалеку од дневната соба за да вежбате.
Основната позиција наликува на склек. За почеток, држете ги нозете споени и префрлете ја тежината на подлактиците. Кога малку ќе зајакнете, ќе можете да ги исправите рацете, така што на подот ќе бидете потпрени со своите раце, а не со лактите. Цело време, треба да имате на ум дека вашите лакти и рамената треба да се на исто ниво. Грбот, исто така, мора да биде исправен цело време, не дозволувајте вашиот рбет да се извиткува како лак.
Најважно е вашето тело да биде целосно право. Стегнете ги стомачните мускули и “замрзнете” се во оваа положба 30 секунди (за почеток). Правете ги секој ден, зголемувајќи го времето за десетина, петнаесет секунди според тоа како се чувствувате.
Додека правите издржување, сите големи мускулни групи работат во телото. Оваа вежба е одлична ако вашата цел е да ја зголемите силата и издржливоста, но има уште еден голем плус: додека сте во оваа позиција, вашето тело согорува повеќе калории отколку додека правите стомачни или склекови на пример.
По неколку недели, ќе забележите дека вашата цела средна зона, регионот на стомакот кој ни пречи, станува затегнат и силен. Во исто време, мускулите на горниот и долниот дел од телото ќе започнат со нивната трансформација.
Ако работите редовно, наскоро ќе забележите дека вашиот стомак зема форма за која чезнеете, а ќе се ослободите од болката во долниот дел на грбот. Издржувањата покрај поцврстиот стомак, ќе ви донесе затегнат и подигнат задник, но и раце и нозе.
Не грижете се, ова е “безбедна” вежба.