Колку и да внимавате што јадете и колку и да вежбате, вагата никако да ги „занемари“ оние вишок килограми. Не очајувајте! Експертите открија брз и едноставен трик за поефикасно слабеење – треба само да се мерите секој ден!
Едно ново истражување од PLOS One покажа дека луѓето кои се на диета колку почесто се мерат, толку повеќе слабеат. Бидејќи, ако помине повеќе од една недела, а испитаниците не се измериле, тие повторно се здебелуваат. Значи, доколку сакате да го избегнете зголемувањето на вашата телесна тежина, измеѓу две мерења не треба да поминат повеќе од 5 дена. Но, најдобро е секојдневно мерење поради контрола во промена на тежината. Ќе ви откриеме откриеме и трик – пресметано е дека повеќето луѓе се најлесни во среда!