Едноставна торта со џем

4 мај, 20180
7

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 6 лажици џем од малини, или друг вкус по желба
* 220 гр. брашно саморастечко
* 220 гр. шеќер
* 220 гр. путер несолен, плус уште малку за подмачкување
* 1-2 лажици шеќер во прав
* 4 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Намачкајте две тавчиња за печење (дијаметар 20cm) со путер. Потоа двете обложете ги со кругови од хартија за печење. Изматете ги шеќерот и путерот во мазна смеса (додека не стане скоро бела). Изматете ги малку јајцата и додадете ги на смесата и продолжете со матење со миксерот. Додавајте го малку по малку брашното и мешајте внимателно со метална лажица. Поделете ја смесата еднакво во двете тавчиња, измазнете ја површината и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути, додека пандишпаните не добијат златно жолта боја. Извадете ги пандишпаните од рерна и оставете да се оладат околу 10 минути. Поминете со нож по страните и извадете ги пандишпаните од тавчињата. Излупете ја хартијата. Ставате го едниот пандишпан на чинија за сервирање, намачкајте го џемот и прекријте со другиот пандишпан. Наросете одозгора шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *