На интелигентниот личен помошник ќе можете да му дадете и некое “обично” име, за комуникацијата да биде што полична, БМВ развива личен интелегентен асистент.
Во прашање е технологијата, која ќе биде достапна во новите модели на оваа баварска марка и има за цел да им помогне на возачите преку двонасочна комуникација, слична на работа со мобилни телефони и, се попопуларните, звучници.
Системот ќе стане дел од BMW-овиот инфо-забавен систем од март следната година, а возачот и патниците ќе можат да ги користат истите.
Познатиот производител нагласува дека системот ќе биде активен цело време и дека благодарение на вештачката интелигенција ќе може да се контролираат подесувањата на возилото, навигацијата и забавните содржини.
Доволно е да се каже “Еј, БМВ” за да започнете разговор со автомобилот.
Како Мерцедесовиот MBUX систем, кој го пробавме во новата “А класа”, БМВ ќе ги препознае најразличните барања на возачите, а благодарение на вештачката интелигенција ќе има способност за учење и предвидување.
“Еј, БМВ, ладно ми е” и автомобилот ќе ја зголеми температурата, а ако го прашате “Еј, БМВ, што е смислата на животот?” можете да започнете неврзана конверзација.
Врз основа на информациите од телефонот, BMW ќе ви предложи и рути за возење, а благодарение на поддршката на пакетот Microsoft Office 365 ќе може да ви прочита и е-пошта.
Оваа технологија ќе биде достапна во автомобилите кои имаат инфо-забавен систем BMW iDrive 7.0.