Светски познатиот пар е сликан заедно во многу близок физички контакт.
Светската јавност беше шокирана од ненадејната вест дека пејачката Ферги и актерот Џош Дамел се разделија по осум години брак.
Беше наведено дека Ферги сакала да работи на нејзината кариера, додека актерот тежнеел кон проширување на семејството, но тие двајца не се спогодија за ова прашање. Џош брзо потоа започна врска со мексиканската актерка Ајс Гонзалес.
Меѓутоа, некогашниот пар беше фотографиран од страна на папараците, блиски и во прегратка. Дали тоа значи дека тие се смириле без знаење на медиумите, дека се на чекор од тоа или ова е можеби само пријателска средба на поранешните сопружници- тоа ќе го покаже периодот пред нас. Во секој случај, светот на Холивуд не трпи тајни и се многу брзо излегува на виделина.