Откриениот грб полека, но сигурно си го заслужува местото на врвот од листата за најсексапилни разголени делови од женското тело.
Фустаните со агресивно деколте може слободно да си заминат, наместо нив ова лето тренд се оние со гол грб и по некоја линија или прерамка која го држи материјалот.
Од макси до мини, можете да експериментирате со должината, бојата и дезенот, зависно од пригодата.
Фустаните со гол грб се доволно пристојни и елегантни да ги носите на венчавки, матури и други свечености или едноставно да се разголите за вечерното журкање.
Ова е само мала колекција од изборот кој го имате за летово: