Гаџет за комуницирање со компјутер без зборување

popara17 април, 20181min00
5

Истражувачи од MIT Media Lab создале гаџет кој изгледа како мешавина на маската на Бејн од филмовите со Бетмен и лигња.

Кога и да помислиме на некој збор, пред да го изговориме сигналите за него стигнуваат до мускулите кои ја контролираат устата и кои можат да бидат забележани од исклучително чувствителен компјутер.

Уредот наречен AlterEgo има 7 електроди позиционирани околу устата кои ги фаќаат овие сигнали, а потоа податоците ги процесираат неколку пати пред безжично да ги испратат на друг уред, а има и слушалки со коскена спроводливост преку кои се слуша одговорот на уредот.

Научниците го тестирале овој прототип врз неколку луѓе кои го тренирале софтверот да ги препознава податоците кои кореспондирале со различни команди („повикај“, „одговори“, “додади“), што дало успешни резултати.

Предностите на AlterEgo се:

– уредот не е инвазивен (иако не баш ни суптилен кога е поставен на главата)

– има точност од 92% (скоро колку Siri или Alexa)

– пренослив е

– за разлика од другите уреди кои ги читаат сигналите од мозокот, овој не може да ги чита приватните мисли (освен доколку истите не се обидете тивко да ги искажете)

Ваков гаџет би можел да се користи во ситуации кога со одредени движења би му се кажало на телефонот да вклучи музика, калкулатор, или испрати порака на некого. Со него би можел да се контролира и „паметен дом“, вклучувајќи ја рерната или апаратот за кафе со едно движење на лицето.

Секако, ретко кој јавно би носел уред со изгледот на прототипот кој му покрива поголем дел од лицето/устата, меѓутоа со неговото усовршување сигурно ќе му се смени и формата и големината.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag