
Пејачката наводно ќе се појави во новата сезона на популарната серија.
Фановите на серијата „Black Mirror“ со нетрпение ги чекаат новите епизоди од петтата сезона, за која сé уште не е познато кога ќе ги објави Netflix, но она што кружи како главна гласина е дека една од актерките во претстојните епизоди ќе биде американската пејачка Miley Cyrus (26)!
Оваа информација дојде од нејзината постара сестра Бренди (31), која објави дека е со нејзината сестра во Кејптаун, во истиот хотел, додека таа снимала сцени за серијата.
Исто така, Бренди тврди дека во новите епизоди ќе се појави и Marc Menchaca, кој беше во улогата на Russ Langmore во серијата Ozrak.
Иако сеуште нема официјална потврда дека пејачката ќе заплови и во актерските води, Miley исто така беше видена од страна на медиумите на сетовите на серијата во Јужна Африка.