Го “oживуваат” актерот во следниот дел?!

22 август, 20180
f

Да, знаеме, човекот е починат, но ова е планот на неговото семејство! Помладите браќа на Пол Вокер изразија желба да го вратат неговиот карактер од серијата “Fast and furious” во следниот филм.

Вокер загина пред пет години, на половина од снимањето на седмиот филм, па Кејлеб и Коди Вокер “скокнаа” наместо покојниот брат и ги доснимија сцените, на кои подоцна го “залепија” неговото лице.

Сега браќата за Асошиетед прес рекоа дека не ја исклучуваат можноста Брајан повторно да се појави на овој начин во некои од следните филмови.

“Се надевам дека ќе можеме да го направиме тоа, бидејќи тоа би ни значело и на нас, и на фановите да го видат уште еднаш.

Можеби ќе се појави само во една сцена и ќе ги спаси сите! Тоа е нашиот сон”, рекоа Кејлеб и Коди Вокер.

Деветтиот дел од “Fast and furious” пристигнува во кината во 2020, и до тогаш ќе го гледаме Хобс од серијата, кој го глуми Двејн Џонсон.

Дотогаш, видете како тимот од оваа серија ќе се сеќава на Пол!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi