Еден обожавател на Титаник на целиот грб го истетовирал потонувањето на славниот прекуокеански брод. Четириесетипет годишниот Стив Хајд од Саутемптон во Англија на огромната тетоважа потрошил повеќе од 5.000 долари и преседел повеќе од 40 часа кај тату мајсторот.
Стив отсекогаш го интересирала историјата на Титаник, а идејата овој момент од историјата да го тетовира на својот грб му паднала на памет во 2006 година. Оттогаш редовно оди во салоните за тетовирање и го доработува своето ремек дело. Сакал да ја доврши тетоважата до стогодишнината од потонувањето на Титаник, односно до 15 април 2012 година.
„Истражував и ги прегледував книгите за да ја направам својата слика. Кога скицата ја донесов во салон за тетовирање ми се чинеше дека луѓето таму беа прилично лути на мене, а исто така ми изгледаше и моето семејство“ – се потсетува Стив.
Неговата сопруга Вивиен (51) вели дека Стив е главна атракција на секој годишен одмор.
„Сите сакаат да ја сликаат тетоважата и да ја сликаат одблизу. Низ години започнав да му давам и совети како целата тетоважа би изгледала подобро. Сега кога е готова навистина е ремек дело – вели Вивиен.
Освен потонувањето на Титаник, Стив има уште 14 тетоважи.