Мишел Киш (20) од Илиноис во Америка, е една од 25-те лица во светот која боледува од “Hallermann Streiff” синдромот, поради кој многу често луѓето помислуваат дека е сеуште дете.
Пациентите имаат специфичен изглед – тие изгледаат како новороденчиња и тие се многу ниски во растот. Мишел едвај стига до струкот на својата две години постара сестра.
Веќе по раѓањето, таа се хранеше на цевка, не можеше да слуша без апарат, и се движеше во инвалидски колички. Иако е сега постара и понатака има здравствени проблеми и има потреба од постојана грижа и медицинска контрола. Потребна и е медицинска нега постојано па дури и во училиште. Но, Мишел не очајува од нејзината состојба. Девојка со светла дух и оптимистички поглед на светот сонува да стане педијатар и сака да најде дечко. Идеален човек би бил, вели таа, млад човек со долга коса кој не се плаши да покаже чувства.