Сакајте го или не, но ќе биде така како што велиме во насловот, бидејќи – секогаш е така!
Не се сомневаме дека Apple добро слушаше и гледаше, но и учеше на своите и туѓи грешки.
Во последните денови се случуваа и кај едните и кај другите …
Apple секогаш менува се на пазарот за мобилни и паметни телефони. Беше така кога се појави оригиналниот iPhone, беше така кога се појави iPhone X. Ова е телефон кој воведе “notch”, кој денес сите го имаат (освен Samsung телефоните, нив ги почитуваме уште повеќе) и прв го направи дизајнот со двојна камера и формата на куќиштето со вдлабнати рабови на екранот, кои денес многумина ги копираат и не можат да ги направат.
Apple можеби не е вистински иноватор, како што некогаш беше, но сигурно е некој што успева да им го задржи вниманието на корисниците толку добро кон iPhone телефоните, дури и кога има нешто што не е ново, како што беше iPhone 8, на пример.
Тоа е доволно да се собереме уште еднаш на 12. септември и да видиме кои три нови iPhone уреди ќе ни ги открие Apple.