Војводката Меган, во текот на неодамнешната турнеја во Австралија често си го држеше и галеше стомакот.
Бременоста на Меган Маркл е во центарот на вниманието од моментот кога е објавена среќната вест. Со оглед на тоа сите очи се вперени во нејзиниот стомак. Војводката Меган, за време на неодамнешната турнеја во Австралија, често го држеше и галеше нејзиниот стомак.
Откако во медиумите се најдоа многу такви фотографии, многумина забележаа нешто невообичаено, а брзо почна да се шири и теоријата на измама.
Некои забележаа дека Меган еден ден има целосно рамен стомак, а веќе следниот ден се појавува стомачето. Токму поради ова започнаа гласините дека вметнува лажен стомак.
Кај поединци се појави сомнеж дека таа воопшто не е бремена. Се појави и видео на кое една жена тврди дека Меган и Хари ангажирале сурогат мајка. Како доказ, се наведува тоа што Меган постојано се држи за стомакот, односно стравот дека ќе и падне од под нејзиниот фустан. По објавувањето на видеото, на Твитер започна дискусијата за бременоста на Меган, а многумина застанаа на нејзина страна и истакнуваат дека нема ништо чудно во тоа што се држи за стомакот.