Јавноста се сомнева во измама: Меган Маркл всушност не е бремена?!

12 ноември, 20180
меган 0

Војводката Меган, во текот на неодамнешната турнеја во Австралија често си го држеше и галеше стомакот.

Бременоста на Меган Маркл е во центарот на вниманието од моментот кога е објавена среќната вест. Со оглед на тоа сите очи се вперени во нејзиниот стомак. Војводката Меган, за време на неодамнешната турнеја во Австралија, често го држеше и галеше нејзиниот стомак.

Откако во медиумите се најдоа многу такви фотографии, многумина забележаа нешто невообичаено, а брзо почна да се шири и теоријата на измама.

Некои забележаа дека Меган еден ден  има целосно рамен стомак, а веќе следниот ден се појавува стомачето. Токму поради ова започнаа гласините дека вметнува лажен стомак.

Кај поединци се појави сомнеж дека таа воопшто не е бремена. Се појави и видео на кое една жена тврди дека Меган и Хари ангажирале сурогат мајка. Како доказ, се наведува тоа што Меган постојано се држи за стомакот, односно стравот дека ќе и падне од под нејзиниот фустан. По објавувањето на видеото, на Твитер започна дискусијата за бременоста на Меган, а многумина застанаа на нејзина страна и истакнуваат дека нема ништо чудно во тоа што се држи за стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi