Кајли Џенер ја симна Бијонсе од листата на најлајкувана слика на Инстаграм
13 февруари, 20180
Првата фотографија од Сторми Вебстер, детето на Кајли Џенер во моментов е најлајкуваната фотографија во историјата на Инстаграм со вкупно 15 милиони лајкови.
Претходно листата беше предводена од фотографијата на Кристијано Роналдо со 11.3 милиони лајкови додека пак кон крајот на 2017-ма Бијонсе го држеше рекордот за најлајкувана фотографија кога јавно ја покажа својата бременост со 11.2 милиони лајкови.
Претходно едни од најлајкуваните фотографии на Инстаграм беа фотографијата од трансплантацијата на бубрег на Селена Гомез, фотографијата на Бијонсе кога ги покажа своите близнаци.
Фотографијата на Кајли го покажува малото раче на Сторми како го држи прстот на мајка си.