Ријалити ѕвездата Кајли Џенер на социјалните мрежи се „пофали“ како нема слободни денови и сподели фотографија од едно снимање.
Со оваа промена која е без вообичаените перики и екстензии, во стилот на Мерилин Монро, изгледа фантастично. За платинестата боб, која совршено и прилега беше задолжен фризерот Tokyo Stylez.
Со стилот на платинестата дива, одговара бел тен и црвен кармин, а во случајот на 21-годишната Кајли се отиде еден чекор понапред, па усните се оптички зголемени со работ однадвор. Ова е дело на шминкерот Ариел Телад, кој совршено ги исцрта надворешните рабови на усните со темноцрвена нијанса.
Иако редовно се воодушевуваме кога некој од ријалити ѕвездите на кланот Kardashian-Jenner ќе ја покаже природната коса, искуството покажува дека тие брзо се враќаат на периките и екстензиите.
Па, ајде да уживаме додека трае!