Лешникот го чува срцето
19 декември, 20180
Луѓето кои редовно јадат лешници помалку се изложени на ризик од рак и срцеви заболувања, покажа истражувањето долго 30-години од Харвард.
Според истото истражување, доколку секој ден консумирате лешници, ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања за 20%.
Јадрото на лешникот е богато со протеини и витамини од групата Б, особено со Б6 и Б1. Тие се важни за мускулната маса, енергијата, концентрацијата и севкупниот нервен систем.