Како изгледа кога Enrique Iglesias продава хамбургери?
Погледнете што го најдовме на Јутјуб: Енрике се додворува на девојки, ги части хамбургери и ги прашува луѓето: „Дали сум ви познат од некаде?“
Видеото што ќе го погледнете сега е направено уште во 2012 година, кога шпанскиот заводник, Енрике Иглесијас, се појави во шоуто на познатиот ТВ водител и комичар Џими Кимел, кој успеа да го убеди да работи едно попладне на касата во популарниот ланец на ресторани за брза храна. На еден клиент на Астро Бургер му кажа дека за жал, не може да нарача Garden Burger (кој инаку е нивниот најпопуларен хамбургер!), друг го почасти цел ручек, а третиот, откако го мачеше со глупости, му кажа: „Си играте со погрешна личност, денес сум многу лошо расположен!“ Девојките што стоеја во редот ги праша: „Дали сум ви познат од некаде?“ , а една од нив одговори: „Да, малку сте ми познат, дали одевме заедно во средно училиште?“
Погледнете на кои им се додворуваше, се обиде да го добие нивниот телефонски број и како реагираше кога клиент му кажа дека изгледа како Енрике Иглесијас! Код: бурно 🙂