Како мозокот функционира на пиво, а како на кафе?

29 март, 20180
4

Ефектите од чаша пиво и чаша кафе врз нашиот мозок се различни. Колку се различни ни објаснува оваа убава споредба која ја правиме во продолжение и во кои ситуации е добро да се пие кафе, а во кои пиво?

Кога пиеме пиво, алкохолот доаѓа до мозочната кора и прави да се чувствуваме дефокусирани и го осолободува умот од сите „досадни“ нешта кои знаат да го окупираат.

Кога пиеме кафе, аденозин рецепторите на мозокот, место да се врзуваат со аденозинот кој природно прави да се чувствуваме поспани и омалаксани, се врзува со кофеинот, кој има сосема спротивен ефект.

Кога ќе се напиеме една чаша пиво, односно кога ќе внесеме малку алкохол во крвта, умот станува покреативен.

Кога ќе се напиеме една чаша кафе, односно кога кафеинот ќе го почне своето дејство, телото добива повеќе енергија.

Кога пиеме пиво, тоа значи дека умот се ослободува од грижите и почнува да размислува за нешта кои вообичаено би биле попречени од околината и влијанијата. Тоа во превод значи дека треба да пиеме пиво кога сакаме да бидеме креативни.

Кога пиеме кафе, промената доаѓа само 5 минути откако ќе ја почнеме првата голтка. Умот станува пофокусиран, срцето чука побрза и добиваме чувство дека имаме повеќе енергија. Тоа значи дека треба да пиеме кафе кога имаме потреба да бидеме работливи.

Ако овие две работи ги врземе заедно, значи дека совршената формула е кафе наутро пред работа и пиво попладне, по работа. Нема да лажеме, токму така практикуваме и самите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi