Концептот е базиран на легендарниот модел “Iž 21252”, близок роднина на “москвич 427”.
Еден од најпознатите производители на оружје во светот, Калашников работи на развој на супер-електричен автомобил со кој што сакаат да се натпреваруваат со Тесла Моторс.
Првиот прототип CV-1 се карактеризира со ретро дизајн, кој се базира на легендарниот модел “iž 21252”, близок роднина на “москвич 427”, кој беше задоволен гостин на нашите патишта од седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век.
Дизајнерите ги оставија познатите метални рачки. Меѓутоа, за да не троши како москвич, инженерите на Калашников го опремија со електричен мотор од 220 kW (300 КС), што може да се зголеми до фантастични 500 kW (680 КС) и со автономија од 350 километри.
Засега нема информации кога може да почне производството на овој електричен “калаш” на тркала.