Ким се впушти во размислување, и за своите потреби создаде кампања за најновата линија на парфеми, фотографирајќи ги нивните шишенца на својата извајана задница. Како тврдат американските медиуми, на тој производ заработува неколку милиони долари во минута.
Ким имала повеќе од успешен бизнис, бидејќи со продажбата на овој парфем заработила милиони, но на нејзината среќа и дошол крај. Имено, ѕвездата е обвинета од страна на фирмата “Вибес”, бидејќи, како што истакнуваат, го украла нивниот лого кое било регистрирано во 2012 година.
“Бараме отштета и налог кој ќе ја спречи ѕвезда на реално тв да продолжи да ги продава овие производи и да ги уништи непродадените парфеми”, – објави компанијата.
Старлетата сеуште не се огласи на ова обвинение, а ако им се верува на американските медиуми, тоа многу ќе и наштети, бидејќи заработила голема сума на пари во само неколку минути.