Кои ќе бидат најпопуларните диети во 2018 год.?

popara8 јануари, 20181min00
1302687437_mono-diet_2-600x300

Еден американскиот портал направил листа на 5 диети кои ќе ја одбележат 2018 година.

  1. Даш диета – диета која е наменета за луѓе со висок крвен притисок, а се базира врз користење на вода, зеленчук, избалансирани житарици, слаби протеини и млеко со ниска масленост. Оние кои имаат во план да ја држат оваа диета, треба да избегнуваат заситени масти, сокови со шеќер, слатки, полномасни млечни производи и некои масла, како и да избегнуваат конзумирање на зачинета храна.
  2. Медитеранска диета – навиките во исхраната кои ги поседуваат медитеранците се најзаслужни за нивното здравје и долг живот. Затоа оваа диета е базирана на нивните оброци кои соджат овошје, зеленчук и здрава храна како што е рибата, јаткасти плодови и маслиново масло.
  3. Флекситран диета- ожоваа диета е настана со спојување на зборовите ќфлексибилнаќ и вегетеријанска. Тука се охрабруваат корисниците да употребуваат зеленчук во својата исхрана, но не подразбира и целосно исфрлување на месо од исхраната.
  4. Диета со бодување – ова е многу популарна диета, која ја практикуваат познати личности како Опра Винфри. Функционира преку систем на бодување на храната, каде секоја намирница има одреден број на поени, а секоја личност има збир на поени кои треба да ги собере во текот на денот. Здравата храна носи помалку бодови, додека слатките носат најмногу. Целта е да се соберат сите поени до крајот на денот и да се постигне саканата бројка.
  5. Волуметриска диета – лицата кои ја практикуваат оваа диета внимаваат на енергетската вредност на храната која ја внесуваат, односно на бројот на калории во одредена количина на храна. Храната која има висока енергетска вредност, има многу калории во мала количина на храна, додека храната со мала енергетска вредност има малку калории во голема количина на храна.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag