Кои мажи помалку уживаат во сексот?

popara31 јануари, 20181min00
4

Една нова студија покажа како татковството во голема мера влијае на желбата на мажите за секс. Така, научниците заклучиле дека мажите кои одвојуваат време да бидат што подобри родители, всушност помалку уживаат во сексот, а откако ќе станат татковци, кај мажите се намалува нивото на тестостерон.

Иако досега се сметаше дека со доаѓањето на детето желбата за секс се намалува исклучиво кај жените, со новата студија научниците докажаа дека доаѓањето на бебето многу влијае на желбата за секс кај мажите.

Новопечените татковци ретко водат љубов, а според зборовите на научниците, колку подобри татковци се, толку се помали шансите да уживаат во сексот.

Ли Гетлер, од Универзитетот Норт Дам во Индијана, за потребите на оваа студија го прател животот и новото на хормоните на 433 мажи од Филипините. Откриено е дека мажите со повисоко ниво на тестостерон имаат поголеми шанси да станат татковци. Меѓутоа, по раѓањето на детето новото на тие машки полни хормони опаѓа, заедно со количината на секс во која уживаат.

Доктор Гетлер исто така забележал и зголемување на хормонот пролактин, кој обично се поврзува со доењето, особено кај мажите кои повеќе му се посветуваат на родителството.

Се смета дека тие промени во хормоните кај мажите овозможуваат подобро да ги разберат потребите на детето, а докторот вели:

“Жените поминуваат одредени биолошки промени за време на бременоста и породувањето, а долго се сметало дека улогата на таткото во сето ова е неважна. Сепак, факт е дека не се само мајките задолжени за родителството. Докторот додава дека и опаѓањето на либидото може да биде начин на кој природата се погрижила новопечените татковци да не тргнат по погрешен пат и да најдат нова партнерка. Меѓутоа, намалената желба за секс не трае засекогаш – таа се враќа на својата природна база во рок од една или две години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag