Магдонос – против пеги и флеки

31 јануари, 20180
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Наместо да купувате скапи козметички препарати сами можете да подготвите  природен и ефикасен лосион со кој ќе ги отстраните пегите и флеките од вашето тело.

Пегите и флеките се појавуваат кога кожата старее и кога неправилната пигментација станува видлива. За да се справите со нив, не ви се потребни скапи козметички препарати. Можете сами да подготвите ефикасен лосион од магдонос и лимон.

Потребно ви е: 1dl сок од лимон, 2 лажици листови од свеж магдонос, 1,5dl дестилирана вода и 0,5dl 70% алкохол.

Исецкајте ги листовите од магдонос и прелијте ги со дестилираната вода и алкохол. Промешајте ја смесата, поклопете ја и оставете ја да одстои во текот на ноќта. Следниот ден смесата исцедете ја,  додадете го лимоновиот сок и течноста ставете  ја во стаклено шише. Шишето чувајте го на ладно и темно место. Лосионот нанесувајте го секое утро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi