Не може со сигурност да се тврди кога точно во 2018 година ќе бидат пуштени во продажба новите модели на смартфони што се очекуваат годинава, со оглед на тоа дека праксата покажала дека компаниите често отстапуваат од првично најавените датуми.
Американските медиуми пишуваат дека токму затоа купувачите не би требало да носат одлуку за купување нови телефони без официјални најави, како и поради фактот дека смартфоните се пуштаат во продажба неколку недели по официјалното лансирање.
Според проценките, уште во февруари и март би можеле да ги очекуваме Samsung Galaxy S9 и S9+, LG G7 и G7+.
Некои од најдобрите телефони од Кина можно е да бидат претставени напролет. Се очекува Xiaomi во април да го претстави Mi 7, а HTC во мај да го покаже HTC U12.
Се претпоставува дека во јуни јавноста ќе ги види OnePlus 6 и ZTE Nubia Z18. И Sony наводо во јуни ќе го претстави моделот Xperia XZ Pro-A.
Според последните проценки, наесен би можеле да ги очекуваме ажурираните верзии на најпопуларните телефони од 2017 година, како Note 9, Xiaomi Mi Mix 3 и LG V40.
На листата телефони што треба да бидат лансирани во октомври, 2018 се Pixel 3 XL, ZTE Nubia Z18S, Xperia XZ2 и HTC U12+.
Пред самиот крај на 2018 година, јавноста би требало да го запознае и Moto Z 2019 (можеби под името Z3), а во декември и OnePlus 6T.