Не, не станува збор за Ким Кардашијан!
Со сестрите од кланот Кардашијан / Џенер нема шега.
Иако многумина ги критикуваат дека имаат лошо влијание на помладите генерации, најпознатото семејство е познато по своите бројни деловни успеси. Сепак, најмладата од сестрите може да се пофали дека е најбогата.
Секако, станува збор за 21-годишната Кајли Џенер, чиј што нејзиниот мега-успешен бренд, Kylie Cosmetics, ја доведе до тоа наскоро да стане милијардерка. Освен брендот за козметика, Кајли, исто така, заработува од нејзините објави на Instagram за кои брендовите и плаќаат до еден милион долари по фотографија.
Покрај тоа, младатата госпоѓица Џенер го достигна петтото место на Форбс листата на најбогати личности во САД. Ова место Кајли го дели со реперот и продуцент Џеј Зи, чии средства се проценуваат на околу 900 милиони долари.
На првото место на оваа листа е авторот на „Star Wars“, Џорџ Лукас, чие богатство се проценува на вртоглави 5,4 милијарди долари. После него е режисерот Стивен Спилберг, чиј имот изнесува 3,7 милијарди долари, легендарната Опра Винфри вреди 2,8 милијарди долари и познатиот кошаркар Мајкл Џордан, кој поседува 1,7 милијарди долари.