Колач со банани

30 април, 20180
11

Состојки:

За колачот:

  • 260 грама брашно
  • прашок за печиво
  • 1 кафена лажичка цимет
  • ½ кафена лажичка сол
  • 120 грама несолен путер
  • 200 грама шеќер
  • 110 грама кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 2 големи (или 3 средни) испасирани банани
  • 115 грама полномасна кисела павлака

За глазура:

  • 170 грама крем сирење, на собна температура
  • 60 грама несолен путер, на собна температура
  • 260 грама шеќер во прав
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 1 кафена лажичка сок од лимон

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175 степени. Во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, циметот и солта.

2. Во друг сад со миксер измешајте ги путерот и шеќерот. Додајте ги и јајцата едно по едно. На крај додадете ги испасираните банани и екстрактот од ванила.

3. Во вториот сад додајте половина од смесата со брашно и продолжете да мешате. Потоа измешајте со павлаката, па на крај додадете ја и втората половина од смесата со брашно од првиот сад.

4. Намачкајте го тавчето за печење со путер, истурете ја целата смеса и печете на загреаната рерна 20 минути. Треба да стане кафеаво и меко. Почекајте целосно да се излади пред да го додадете преливот.

5. Потоа направете прелив мешајќи ги со миксер состојките наменети за тоа. Ако ви е премногу густ, додадете му две супени лажици вода додека мешате. Нанесете го врз изладениот колач, исечете го на парчиња и сервирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *