Коса на рехабилитација: Препарати за спас

31 август, 20180
к

Ножичките не се единствено решение за изнемоштената коса од летните активности: последиците од сонцето, солта и хлорот се санираат со помош на хранливи масла и восок на база на егзотичниот  ylang-ylang.

Додека повеќето од нас се задоволни со исончаната кожа по враќањето од летување, погледот кон косата не не прави многу среќни. Иако сме се обиделе да се заштитиме со масла и да ја скриеме под шапката, сонцето, морската сол, хлорот и ветерот оставиле трага. Ако не користевме препарати за заштита на косата од УВ зраци, веројатно сме незадоволни и од нејзината моментална боја.

За бледеење на пигментот главен виновник е сончевата топлина, која го загрева надворешниот слој на влакната, и доаѓа до оксидација на бојата – и вештачката и природната. А ако сме заборавиле да ја исплакнеме косата од сол и хлор, тогаш болеста ни е сувата, кршлива и непослушна коса.

Добра вест е дека ситуацијата не е непоправлива. Некое време треба да ги користите благите шампони и регенераторите за интензивна хидратација обединети со хијалуронски киселини и алое, кои ќе ја вратат влажноста на влакната. Протеините на овес и свила ќе го ублажат испуканиот изглед, со пополнување на оштетениот слој кутикули. Овие билни протеини во производите за нега го имитираат, природниот кератин од кој се изградени влакната и ги обвиткуваат оштетените структури, па косата изгледа здраво и поцврсто.

Значи, испуканите врвови не треба веднаш да се шишаат – ќе ги ‘закрепи’ комбинацијата на етерични масла од ангелика, лаванда, геранија и сладок портокал, како и восокот од тропско цвеќе ylang-ylang, кои косата ја прават мазна и чиста и ја заштитуваат бојата.

Измазнувачки ефект имаат маските на база на растителни масла, кои денес се посебно ценети, масло од семето на горушица поради големото количество на  масни киселини, како и арганово и маслиново масло. Добра селекција се и серумите за формирање со комплекс на морски алги кои на косата ќе и ги вратат витамините и минералите, додека екстрактот од шеќерот е наменет за враќање на сјајот.

Манекенката Алесандра Амброзио се грижи за својата коса врз основа на производи кои се збогатени со кокосово масло, бидејќи неговата хранлива формула го интензивира сјајот, го олеснува расчешлувањето, измазнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi