Козумел – мексиканскиот остров на страста …

popara29 март, 20182min00
3

Козумел е популарен остров во карипското море, на источниот брег на Мексико и една од деветте општини на сојузната мексиканска држава Кинтана Ро…

Главен град на овој егзотичен остров е Сан Мигел де Козумел. Козумел е најголемиот остров во Атланскиот океан, кој се наоѓа 20 километри од копното и 60 километри од прочуеното монденско летувалиште Канкун.

Најголем дел од популацијата, која брои околу 77.000 жители живее во градот Сан Мигел. Од доста значајното археолошко наоѓалиште во Сан Гервасија до познатата зелена црква во Ел Седрала, Козумел е место кое навистина има што да Ви понуди, а Вашиот одмор да го направи незаборавен. Први доселеници биле древните Маи, кои островот го населиле околу 300та година. Пред да стане туристичка атракција, местово било познато како верска локација. Многу жени доаѓале да оддадат почит на Божицата на плодноста Ixchel. Влијанието на Маите се чувствува и денес. Тоа е и причината поради која островот се разликува од другите острови.

Денес, овој остров е една од најважните туристички атракции во Мексико. Годишно го посетуваат најмалку 2 милиони туристи од сите делови на светот. Овој податок не е изненадувачки, со оглед на егзотичните плажи со најубава песок, тропското море богато со корали и разни видови риби.

Доколку се одлучите да го посетите рајскиот Козумел, нема да погрешите…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag