Lindsay Lohan својот порок го претвори во бизнис

7 декември, 20180
линзи 0

Отвори ноќен клуб во Грција и од тоа направи интересно реално шоу.

Покрај тоа што е талентирана актерка, не е тајна дека Линдзи е талентирана и за ноќно лудување. Иако понекогаш и на нејзина штета, Линдзи е вистински „party animal“, којa папараците низ целиот свет секогаш сакаат да ја забележат со своите камери, а тоа се гледа и во најавата за нејзиното ново реално шоу на

MTV „Lindsay Lohan’s Beach Club“, коe беше објавенo на 3 декември.

„Поминав низ секакви работи во мојот живот“, вели Лохан во најавното видео, и додава: „Моето лудување во клубовите секогаш ме води кон проблеми. Зошто не би си отворила свој?“

Во следниот дел ќе ја погледнеме гламурозната архитектура на нејзиниот ноќен клуб / ресторан на плажа на островот Миконос во Грција, „Lohan Beach House“, снимен во текот на ноќта, што ќе биде главното место за новото реално шоу, неколку полуголи бармени, хостеси, кои се всушност кандидатите кои ќе се натпреваруваат да станат дел од нејзиниот тим.

MTV го објави и официјалниот датум кога ќе започне шоуто на каналот MTV, a тоа е вторник, 8 јануари 2019. година.

Во понеделник, на 7-ми јануари, MTV ќе објави специјална емисија „Lindsay Lohan: Most Memorable Moments“, мини-документарен филм кој ќе нѐ потсети на сите нејзини најголеми медиумски хитови, скандали, драми, подеми и падови и гламурозни ноќни во клубовите низ целиот свет, од Ибица до Мајами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi