Бидејќи без овој филм не можеме да замислиме ниту еден Божиќ!
Речиси три децении по култниот филм „Home Alone“,Macaulay Culkin повторно го заигра Kevin и ги изведе најдобрите сцени од филмот.
Ова всушност е нова реклама на Google во која Kevin повторно е сам во куќата, но овој пат има – Google асистент. Продуцентите се погрижија сите детали од сценографијата да бидат идентични со оние во филмот, а фановите се воодушевени бидејќи Macaulay ги има истите гестови и говор како кога беше осумгодишно момче и за прв пат играше во филмот.
https://www.youtube.com/watch?v=xKYABI-dGEA
Многу обожаватели се воодушевени од рекламaта која досега достигна скоро 7 милиони прегледи, а кај секој ја разбуди носталгијата за незаборавниот филм без кој денес не можеме да ги замислиме Божиќните празници!