Магична течност наречена оцет

20 јуни, 20180
3

Алкохолен, јаболков, балзамико… Оцетот е закон!
Можете да го примените во кулинарството, медицината, козметиката, чистењето и кој знае каде се не. Овде ви презентираме само неколку примери од неговата употреба.

Омекнувач: Само 60 милилитри оцет при перење гарантира дека вашата облека ќе биде мека и нежна.
Отстранување на дамки: ПОтопете ја облеката во оцет и дамките исчезнуваат како со рака однесени.
Отстранување на гума за џвакање: Загрејте оцет во микробранова печка и нанесете го на подрачјето на кое е залепена жваката – таа скроз ќе се раствори.
Траги од вода: Трагите од вода на дрво најлесно ќе ги отстраните ако помешате иста количина алкохолен оцет и маслиново масло и пребришите. Ако трагата се наоѓа на кожен намештај, користете само оцет.
Чистење р‘ѓа: Ако имате алат или што било друго зарѓано, потопете го во оцет и оставете го преку ноќ. Исперете го со вода следниот ден.
Атлетско стапало: Потопете ги стапалата три пати седмично во алкохолен оцет и на тој начин ќе се решите од непријатните габични инфекции.
Перење на фрижидер: Направете раствор од еднаква количина оцет и вода и со неа исчистете го фрижидерот.
Дезинфекција на даската за сецкање: После секоја употреба даската за сецкање исчистете ја со алкохолен оцет.
Запушени одводи: Сипете малку сода бикарбона во одводот и прелијте ја со оцет. После ова потребно е одводот да го залиете со врела вода.
Чистење на микробранова печка: Помешајте 60 милилитри оцет и 250 милилитри вода, а потоа смесата ставете ја во микробранова печка и загревајте ја неколку минути, се додека не испари. После тоа пребришете ја печката.
Наочарите најдобро ќе ги исчистите со неколку капки оцет.
На кондурите ќе им го вратите стариот сјај ако ги пребришите со крпа која претходно сте на натопиле во оцет.
Чистењето на прозорци ќе стане лесна и брза работа ако ја работите на следниот начин: измешајте еднаква мерка оцет и вода во шише за распрскување и исшприцајте ги прозорците. Потоа пребришете со весници.
Кога варите јајца додајте две лажички оцет во водата – на овој начин ќе го спречите пукањето на лушпата на јајцето.
За да се отарасите од пестицидите и другите хемикалии кои можат да се најдат на овошјето и зеленчукот исперете ги на следниот начин: во шише со распрскувач помешајте 1/4 оцет и 3/4 вода. Со оваа мешавина напрскајте го овошјето и зеленчукот, оставете ги вака две три минути па исперете ги со чиста вода.
Со помош на оцет можете да се отарасите и од првутот: втријте оцет на кожата на главата и оставете да одстои петнаесетина минути. Потоа исперете ја. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.
Втријте оцет на изгоретина од сонце – тоа ќе помогне кожата да се смири.
Чешањето кое се јавува при бодење од инсект може да се ублажи ако болното место го третирате со алкохолен неразреден оцет.
За исекотина и гребаница користете дестилиран алкохолен оцет како антисептик.
Од каменец и дамки од вода најлесно ќе се отарасите со употреба на оцет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber