Маж тврди дека пристигнал од 6000-та година во која со светот владеат роботи, а луѓето се бесмртни

popara6 февруари, 20181min00
8

Мажот во ова видео тврди дека се вратил од иднината, поточно од 6000-та година и дека има многу информации за иднината на оваа планета, а како доказ за тоа покажал матна фотографија од футуристички град.

Видеото е објавено на YouTube каналот “ApexTV” кој се занимава со паранормални појави, а досега има над 2,2 милиони прегледи.

Наводниот патник низ времето тврди дека отпатувал во иднината со помош на напредна технологија која и денес постои, но властите не сакаат јавноста да знае за неа.

– Морам да се кријам бидејќи тие не сакаат луѓето да го знаат ова. Доколку ме пронајдат, ќе бидам убиен – тврди тој.

Анонимниот маж изнел бројни детали за тоа како светот се променил во текот на сите тие години.

– Пронајдовме лек за рак, постои можност за телепортација, а патувањето низ времето е достапно за секој оној кој може да си го приушти тоа искуство. Луѓето можат да присуствуваат на историски настани, а за тоа време се невидливи со цел да не влијаат врз настанот – раскажал тој.

Како доказ за неговото тврдење, тој покажал матна фотографија од футуристички град за кој тврди дека е еден од најголемите светски градови, но не сакал да открие кој е бидејќи со тоа премногу би влијаел врз иднината.

– Фотографијата е малку матна, но тоа се случи за време на патувањето низ времето.

Исто така, патникот низ времето раскажал дека во 6000-та година, човештвото е водено од вештачка интелигенција која е далеку попаметна од луѓето, а предноста е во тоа што таа не ги донесува своите одлуки на база на емоции.

Тој тврди дека овој свет живее во утопија, а многу светски проблеми повеќе не постојат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag