Моќниот Porshe Macan – премиерата се очекува кон крајот на годината

popara16 октомври, 20181min00
porshe

Компанијата Porshe подготви новости за возачите кои се во потрага по  ексклузивен SUV. Погодивте…тоа е новиот “Macan”.

Во преден план, е секако современиот дизајн, со акцент на задниот дел, кој во согласност со актуелниот стил доби атрактивно хоризонтално осветлување кое ќе ги поврзе светллосните групи во една целина. Моќната LED технологија освен естетската ќе има и значајна улога во сообраќајот, обезбедувајќи јасна видливост. Се разбира, LED технологијата го најде своето место и на предните фарови, како дел од стандардната опрема.

Во ентериерот новиот “Macan” ќе има 11-инчен екран како совршен мултимедијален и навигациски полигон. Она што повеќето од купувачите најмногу ги интересира е моторизацијата, која му овозможува на луксузниот SUV да добие спортски карактер. Со потекло од “Panamera” на сцената доаѓа трилитарскиот  V6 со 354 “коњи”, како и 2.9 tvin-turbo V6 со 440 “коњи”.

Основната цена ќе изнесува околу 58.000 евра, првенствено како резултат на додатната опрема и напредните системи. Премиерата се очекува кон крајот на годината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag