Момчето на починатиот пејач вели: Само сакаше да почине!

popara25 септември, 20181min00
д

Наспроти патолошките наоди каде што пишува дека Џорџ Мајкл починал од “природна смрт”, неговиот партнер тврди поинаку …

Смртта на легендарниот пејач Џорџ Мајкл во најмала рака се “развлече”. Три месеци се чекаше за наодите од патологот откако беше пронајден мртов во својот дом на католичкиот Божиќ 2016 година, и дури тогаш семејството можеше да го погреба.

Наспроти сомнежите дека станува збор за било какво самоубиство, конечните резултати од аутопсиите покажаа дека станува збор за “природна смрт”, како и дека Мајкл го убиле последиците од дилатацијската кардиомиопатија, миокардитис и маснотии на црниот дроб.

Меѓутоа, Фади Фавез, партнерот на пејачот кој со него беше последните седум години од својот живот, тврди поинаку.

Во серијата на Instagram објави, Фади рече дека Мајкл се обидел да се убие четири пати пред тоа и тврдеше дека причината за неговата смрт е самоубиство.

“Помислив тоа е тоа, конечно го направи и конечно го најдов мртов во креветот.” Секогаш го молев да не го прави тоа, но беше многу депресивен и се што сакаше беше да умре. Проба да се убие четири пати, а додека беше на рехабилитација, тој се обиде да се избоде со нож 25 пати “, почнал да раскажува Фавез, а потоа зборувал за тоа како го запознал Џорџ, како и дека пејачот бил зависен од течен екстази.

Фади тврди дека често го наоѓал во безсознание во столчето или на подот, како и дека во една прилика Џорџ се обидел да се убие со скокање од возило во движење.

“Толку многу сакаше да умре. Мислам дека животот за него беше готов многу пред смртта”, заклучи тој.

Фади е тој што го најде телото на пејачот и оттогаш често зборува за Џорџ и секогаш укажува на тоа дека станува збор за самоубиство. Семејството на пејачот му забрани да присуствува на погребот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma