Актерот откри дека оваа улога ја прифати само поради колешката.
Актерот Вуди Харелсон (57) за малку ќе ја одбиел улогата за филмот за Хан Соло од “Војна на ѕвездите”, но кога дознал дека актерката Фиби Волер Бриџ исто така ќе биде дел од актерите, сепак се предомислил!
Вуди го глуми ликот на Тобајас Бекет, а сакал да ја одбие таа улога поради тоа што имал многу работа и само сакал да помине некое време со своето семејство.
Меѓутоа, тогаш дознал дека Фиби ќе ја глуми улогата на дроид L3-37 и одлучил да ја прифати понудата. Причината е таа дека актерот е голем обожавател на БиБиСи серијата “Fleabag” во која Фиби глуми.
“О боже, едноставно ја обожава Фиби. Така е прекрасен и забавен пријател. Еден пријател ми ја препорача серијата и јас се воодушевив. Би сакал да има уште епизоди “, почнал да зборува актерот за британскиот ” Метро”, па додаде:
“Многу размислував дали да го работам овој или не, всушност, во почетокот одбив затоа што одев од работа на работа и само сакав да бидам дома со семејството. За среќа, сепак завршив во филмот, и сега неможам да замислам живот во кој не сум ја запознал Фиби “, заклучи тој.
Еве што кажа претходно Фиби за улогата во филмот: