Славниот фудбалер Кристијано Роналдо (32) во последно време беше во медиумите исклучително како семеен човек, кој е конечно заљубен и исполнет во друштво на својата нова девојка Георгина Родригез (21) и нивната ќерка Алана.
Но, “семејната идила” не потраа долго, а Роналдо е повторно обвинет за неверство. Имано, фудбалерот испраќал експлицитни пораки на русокосата манекенка Ријан Саджен (31), инаку модел за долна облека. Дел од тие пораки сега излегоа во јавноста како и тоа каде Роналдо на манекенката и порачува дека е сам во хотел и дека ќе и се јави за еден час.
https://www.youtube.com/watch?v=2oB6ozU4cOQ
Манекенката, пишуваат британските медиуми, не останала имуна на Роналдо, но допишувањето го прекинал нејзиниот вереник.
– Најди некој слободен кој ќе го бомбардираш со пораки – му напишал, на што Роналдо одговорил со сликичка од палец подигната горе.
Сеуште не се знае како реагирала Георгина Родригез на најновата “афера” на славниот фудбалер.
https://www.youtube.com/watch?v=BLdJimYIDAY