Ова дете е вистински херој! Секоја чест! (видео)

29 јануари, 20180
14

Малото момче Итан Кинг од Мичиген е дете херој и вистински пример за тоа како со искреност, добра волја и разбирање може да се направат големи дела.

Тој често патувал со својот татко кој ги поправал тамошните бунари за вода и ги гледал децата како си играат со нешто што е во облик на топка изработено од отпадоци.

Тогаш решил да донесе една вистинска топка и да им ја подари. Радоста, благодарноста и насмевките на нивните лица немале крај.

Една обична вистинска топка успеала да предизвика илјадници насмевки. Има ли поголемо богатство од илјадници среќни деца? А само толку малку е потребно.

Кога видел колку се радуваат, малиот Итан решил дека треба да имаат повеќе од една топка и дека тој може да им носи на сите деца каде што патува со неговиот татко.

Тоа го инспирирало за да направи хуманитарна фондација „Charity Ball” во која ќе може да се донираат топки. Идејата се проширила насекаде, во неа се вклучиле и познати фудбалери како српскиот репрезентативец Невен Суботиќ кој игра за Борусија Дортмунд и многу други богати луѓе и компании кои ја шират детската идеја за поголема среќа.

Од 2009 година кога во Мозамбик ја подарил првата топка до денес се донирани 4.000 топки во 22 земји.

Покрај тоа што им подарува топки, тој разговара и игра фудбал со нив. Доказ дека детскиот ум и дух се најискрени и најчесни без задни намери, без разлика на националности и раси.

Пример за сите возрасни и за тоа колку малку е понекогаш потребно за да направите некого среќен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi