Австриската престолнина треба да се посети и кога е жешко, бидејќи освежувањето го нуди бањањето во реката, коктели во барови на покриви и културни содржини на отворено. Има многу причини зошто Виена треба да се види и во лето, а не само во времето на настаните. Температурите се движат од 22 до 26 степени, па дури и повеќе, освежувањето го обезбедуваат бројните паркови и бањањето во Дунав, а настани има повеќе отколку во многуте медитерански градови во екот на сезоната – и тоа без метеж.
Оваа година со годишните изложби се означуваат 100 години од смртта на четворицата големци на виенската модерна: архитектот Ота Вагнер, сликарот Егон Шиле, Коломан Мосер и Густав Климт. Меѓу бројните локации каде што ќе може да се видат делата на овие светски познати уметници и да се дознаат деталите за нивниот живот се музеите Леополд, Нил Белведере и МАК, Музеј за уметност и дело и Еврејскиот музеј.
Виена отсекогаш била еден од најважните европски културни центри, а знаменитостите кои тој град со околу 1.000.000 и 900.000 жители ги нуди навистина се многу.
Замокот Шенбрун, Државната опера, Катедралата св. Стефан, Моцартовата куќа и музеите Албертина и Мадам Тусо се некои од нив. Најпопуларните места за шопинг се Kärntnerstrasse, Graben и Mariahilfer Strasse, недалеку од главниот плоштад Stephansplatza. Љубителите на алтернативната мода тре да прошетаат по Neubaugasse.
Оние кои од шетањето помило им е да “кулираат”, можат да изберат некоја од Дунавските песочни плажи со тропски изглед. Таму, имено се прави скара, се игра одбојка на песок, се вози педалинка и кајак и се пијат освежувачки коктели. Strandbar Herrmann, Badeschiff, Adria Wien и Тел Авив плажата се само некои од најпопуларните места за уживање во мохито, аперола спритз или хуга.
Меѓу најдобрите ресторани се Schinakl, Otto Wagner Schützenhaus, Klyo и Motto am Fluss, а врвни ноќни клубови на отворено Pratersauna и Volksgarten Pavilion.
Австриската престолнина треба да се посети и кога е жешко, бидејќи освежувањето го нуди бањањето во реката, коктели во барови на покриви и културни содржини на отворено. Има многу причини зошто Виена треба да се види и во лето, а не само во времето на настаните.
Температурите се движат од 22 до 26 степени, па дури и повеќе, освежувањето го обезбедуваат бројните паркови и бањањето во Дунав, а настани има повеќе отколку во многуте медитерански градови во екот на сезоната – и тоа без метеж.
Оваа година со годишните изложби се означуваат 100 години од смртта на четворицата големци на виенската модерна: архитектот Ота Вагнер, сликарот Егон Шиле, Коломан Мосер и Густав Климт. Меѓу бројните локации каде што ќе може да се видат делата на овие светски познати уметници и да се дознаат деталите за нивниот живот се музеите Леополд, Нил Белведере и МАК, Музеј за уметност и дело и Еврејскиот музеј.
Виена отсекогаш била еден од најважните европски културни центри, а знаменитостите кои тој град со околу 1.000.000 и 900.000 жители ги нуди навистина се многу. Замокот Шенбрун, Државната опера, Катедралата св. Стефан, Моцартовата куќа и музеите Албертина и Мадам Тусо се некои од нив. Најпопуларните места за шопинг се Kärntnerstrasse, Graben и Mariahilfer Strasse, недалеку од главниот плоштад Stephansplatza. Љубителите на алтернативната мода тре да прошетаат по Neubaugasse.
Оние кои од шетањето помило им е да “кулираат”, можат да изберат некоја од Дунавските песочни плажи со тропски изглед. Таму, имено се прави скара, се игра одбојка на песок, се вози педалинка и кајак и се пијат освежувачки коктели. Strandbar Herrmann, Badeschiff, Adria Wien и Тел Авив плажата се само некои од најпопуларните места за уживање во мохито, аперола спритз или хуга. Меѓу најдобрите ресторани се Schinakl, Otto Wagner Schützenhaus, Klyo и Motto am Fluss, а врвни ноќни клубови на отворено Pratersauna и Volksgarten Pavilion.