Само верувајте во вашиот потенцијал.
Актерката Сара Џесика Паркер, која засекогаш ќе биде запаметена по култната улога на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, наидуваше на критики поради нејзиниот физички изглед, па списанието „Максим“ во 2008. година ја прогласи за најнесекси жена на светот.
Следната дама е прекрасната Мерил Стрип, која има најмногу номинации за Оскар, но беше одбиена многупати поради физичкиот изглед.
Не треба ни да се спомне колку голем успех има постигнато Кејт Винслет во Титаник, како и со сите останати улоги, но таа мораше многу да се труди, бидејќи во адолесцентните години ја одбиваа со изговор дека е „дебела“.
Меѓу овие дами, исто така се наоѓа и многу успешната актерка Рис Видерспун, која со години се бореше со отфрлувањата. Во едно интервју, Рис им се обрати на сите кој сакаат да се занимаваат со овој бизнис.
„Мора да бидете сконцентрирани и силни, бидејќи само таква силна личност може да се избори со одбивањата. Кога првпат отидов на кастинг, слушав сите како ми велеа дека не сум висока, дека не сум многу убава, ниту многу интелигентена.“
Кога и да помислите да се откажете од вашите соништа, сетете се на нивните зборови.