Неодамна сте добиле возачка дозвола и сакате да го купите својот прв автомобил.
Меѓу желбите и реализацијата потребно е да се задоволат некои услови. Освен финансиски, што е најважно, вашиот прв автомобил треба да биде компактен, што значи дека треба да ги гледате градските модели со максимална должина од околу 4 метри.
Кога ќе седнете во вашиот потенцијален автомобил што треба да гледате? Управувач кој лесно се врти во градот, особено при паркирањето, претставува голем плус. Видливоста е од суштинско значење за новите возачи на патот, па гледајте вашиот прв автомобил да има релативно големи ретровизори и не претерано масивен C-pillar. Корисно е и сите команди да се едноставни за употреба.
Мануелен или сè попопуларен автоматски менувач? Автоматиката е сигурно поедноставна, но не е лошо да се избере мануелен за да научите да користите “менувач”. Иако, рачната промена на степенот на преносот полека изумира, па можеби тоа знаење и нема да ви биде од корист.
Сигурноста е многу важен дел, па не е лошо да ги погледне резултатите со Euro NCAP тестирањата. Од повеќе воздушни перничиња и други системи за активна и пасивна безбедност – глава не боли.
Една од најважните недоумици – бензин или дизел? Ако зборуваме за нов автомобил – тогаш сигурно бензинот бидејќи е значително поевтин и тешко е да се поверува дека апсолутниот почетник ќе успее да помине 10 илјади километри за да ви треба дизел верзија.
Дури и ако зборуваме за половните автомобили, бензинот е подобар, бидејќи купувањето на стариот дизел автомобил повлекува поправки што можат да бидат многу скапи.
На сервис одете во редовни интервали и немојте да возите често на резерва. Во старите метални резервоари недостатокот на гориво може да доведе до поголема кондензација на вода, што може да предизвика корозија. А рѓата мешана со гориво може да ја оштети пумпата. Исто така, мала количина на гориво може да го збуни патниот компјутер, кој потоа ќе погреши во известувањето колку километри остануваат.
Еве ги и десетте најдобри нови автомобили, според мислењето на британскиот Авто Експрес:
- “folksvagen ap!”/”škoda sitigou”/”seat mi”
- “ford fiesta”
- “kia pikanto”
- “seat ibica”
- “folksvagen polo” (TEST)
- “hjundai i10”
- “tojota ajgo”/”pežo 108″/”sitroen C1”
- “dačia sandero”
- “suzuki baleno”
- “voksal viva” (“opel karl”)