Ми го украдоа мобилниот, клучевите од колата, очилата за сонце и точакот. Меѓутоа разбојниците немаа појма што е тоа Go Pro камера, така да имав доказ кој им помогна на полицијата при апсењето – изјавил оштетениот Малком Фокс.
Малком во јужна Африка неодамна одлучил да се вози со велосипед, а на кацигата прицврстил Go Pro kamera. Тој очекувал да направи интересно видео од прошетка во природа, сепак наместо тоа направил снимка со која стана познат ширум светот.
Во тој момент помислив дека ќе бидам само дел од статистиката и дека моите деца ќе растат без татко – изјавил Малком опишувајќи го моментот кога се соочил со крадците.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ECs8ZrmH8D8