Еден французин кој ја наследил старата куќа на свој близок роднина, открил нешто неверојатно кога ја реновирал внатрешноста на куќата. Тој во моментот кога го менувал мебелот и ги реновирал тоалетите забележал дека позади старото огледало има голема покриена дупка.
Кога погледнал во дупката, следел шокот. Неколку златни шипки тешки по неколку килограми се наоѓале длабоко скриени во дупката.
Но тоа не било крајот. Во моментот кога пристигнал новиот мебел, мајсторите кои го исфрлале стариот мебел надвор забележале дека мебелот е невообичаено претежок за носење на раце. Верувале или не, под старите фотелји и тросед биле залепени уште неколку златни прачки.
Но, изненадувањето не завршило тука. При промената на паркетот, било пронајдено уште злато. Близу 5.000 парчиња во различен тип на кованици, обетки, ланчиња биле пронајдени под паркетот, заедно со уште триесетина златни шипки.
Николас Фирфор, локален аукцинер ја потврдил веста. Фирфор бил присутен во моментот кога било пронајдено златото, и потврди дека вкупниот “плен” за новиот сопственик изнесувал близу 3.5 милиони евра.