Научниците создале капки за очи кои го подобруваат видот

popara13 март, 20181min00
7

Научници од Бар-Илан универзитет за нанотехнологија во Тел Авив, тврдат дека создале капки за очи кои можат да го поправат оштетувањето на рожниците и трајно да го подобрат видот кај луѓето.

Израелски научници тврдат дека во прашање е револуционерно откритие, кое ќе им помогне на сте луѓе кои имаат проблеми со оштетување на очите.

Тим на научници, предводени од доктор Давид Смаџ, го тестирале својот нов производ на домашни животни кои имале оштетени рожници.

„Производот го тестиравме на свињи кои имаат оштетени рожници и се покажа како потполно ефикасно, бидејќи беа излечени сите симптоми на болести на очите кои ги имале животните кои беа тестирани“, вели авторот на истражувањето.

Новиот револуционерен производ се уште не е тестиран на луѓе, но тимот на научници кои стојат зад овој производ, тврдат дека првите рани тестирања на луѓе ќе започнат кон крајот на оваа година.

„Сметаме дека новиот производ во потполност ќе ги излечи проблемите со видот кај луѓето и во иднина нема да има потреба за диоптриски очила“, тврди Смаџ.

Научниците сметаат дека овие капки за очи ефикасно ќе го решат проблемот за кратковидност и далековидност, како и другите проблеми поврзани со видот.

Овој револуционерен производ исто така ќе им овозможи на луѓето да се ослободат од контактните леќи, и ќе им понудат сосема нов поглед на светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag