Навика која може да го уништи моторот во вашиот автомобил!

popara9 март, 20181min00
car driver on the road

Aвтомобилот не ретко го користиме за кратки растојанија, а тоа може да го уништи моторот

Навиката за често безпотребно користење на автомобилот, за кратки дестинации, и тоа како може да го оштети моторот на вашиот автомобил. Имено, на моторот кој во текот на возењето не ја достигнува потребната температура може брзо да му се случи дефект бидејќи кратките релации моторот го оставаат незагреан.

Ова само по себе е причина за сериозни последици – влагата не може да испари и се меша со маслото, се создаваат нечистотии на EGR вентилот и други делови од моторот… Опасностите се многубројни. По некое време, се создава скрама на капачето за дополнување на масло. Можеби не изгледа страшно, но тоа е веќе е сериозна фаза во која маслото сериозно почнува да ги губи своите својства и треба да најитно да се замени.

Уште една опасност од овој вид возење е мешањето на масло и гориво. За жал, во овој случај не доаѓа до промени на маслото кои може да се видат со голо око. За среќа, тука постои мал трик. Помирисајте ја прачката за мерење на маслото или, уште подобро, извадете масло со неа и протријте го помеѓу прстите, а потоа помирисајте. Ако не почувствувате мирис на гориво, сè е во ред.

Генерално, најдобро е да ја следите температурата на моторот на индикаторот на инструмент таблата. Од мотор кој ја достигнал работната температура, кондензацијата испарува, па затоа е јасно дека наавтомобилите со кратки дестинации тоа нема да им се случи, поради што со текот на времето ќе акумулираат зголемена количина на вода и гориво во картерот. Моторното масло брзо ги губи својствата, не може да ја исполни својата функција и на крајот ќе го оштети моторот. Овој проблем може да биде уште посериозен.

Решението за овој проблем е едноставно – избегнувајте што е можно кратки растојанија и со тоа скратете го интервалот на промена на маслото.

Извор: dodajgas.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag